Флензбург игра во одлична форма, Порто немаше шанси

Екипата на Флензбург е лидер после третото коло во Групата А откако вечерва го совлада составот на Порто со 36:29 во натпревар со две различни полувремиња.

Во првите 30 минути двете екипи одиграа нерешено, 15:15, но во текот на целото полувреме имаше надигрување. И на двете страни имаше добар ритам, а на моменти и двете екипи имаа што да покажат.

Никола Митревски во овој период беше на клупата, а Кинтана не беше во најдобра форма. Тренерот Магнус Андерсон го држеше долго на терен и тоа беше и причина што на крајот од првиот дел Порто не беше во предност.

Исто така тоа беше причина и што Порто почна да заостанува во второто полувреме. Тогаш составот на Флензбург почна да прави предност. Ги казнуваше грешките на Порто, а Митревски влезе премногу доцна. Натпреварот веќе беше загубен, а тој за десетина до 15 минути игра не можеше до одбрана, па поразот беше неизбежен.

Со оваа победа Флензбург го зачува првото место и има максимални шест бода во Групата А.

Ласе Мелер беше убедливо најдобриот стрелец на теренот на овој дуел со осум погодоци, а пет гола имаше Магнус Јондал. Во тимот на Порто, Мартинс Соарез имаше пет погодоци. Кај голманите Буриќ имаше седум, а Бергеруд четири интервенции во Флензбург, додека Кинтана заврши со четири одбрани во Порто. Митревски немаше интервенции денеска.