Шпанското десно крило Феран Соле го продолжи за уште една сезона договорот со францускиот првак ПСЖ и ќе остане во Париз најмалку до јуни 2024 година. Тој дојде од Гранољерс во 2020 година и се наметна како еден од најдобрите стрелци во тимот на Раул Гонзалес.
Шпанските медиуми пишуваат дека договорот на Блаж Јанц со каталонскиот гигант Барселона, кој има важност до 2024 година, ќе биде продолжен, но нема информација на колку сезони.
Словенечкиот среден бек Алекс Влах според пишувањата на „Дело“ би требало да биде нов играч на данскиот Алборг. Влах игра одлична сезона во дресот на Целје во Лигата на шампионите и би бил големо засилување за Алборг. Ова значи дека претходно најавуваниот трансфер на Домен Макуц нема да биде реализиран.
Според „RTHandball“, Барселона на лето би можела да се раздели со португалскиот репрезентативен пикер Луиш Фраде. неговата замена би требало 21-годишниот член на Торелавега, Хаиме Гаљего.
Европскиот првак со Германија од 2016 година, Штефан Фет, нема да го продолжи својот престој во бундеслигашот Ерлаген. Тренерот Раул Алонсо веќе му ја соопштил одлуката на Фет и тој е во потрага по нов клуб.
Данското десно крило Симоне Бом, го напушти турскиот првак Кастамону. По Катарина Јежиќ, таа е втората ракометарка што си оди од учесникот во Лигата на шампионите оваа сезона.
„RTHandball“ најави трансфер на шведскиот репрезентативен пивот Оскар Бергендал од бундеслигашот Штутгарт во ПИК Сегед. Ова доаѓа по веста дека летото во 2024 година, унгарскиот првак ќе остане без Миклош Рошта.
Според шпанскиот „Cadenaser“, специјалистот за одбрана Хедеон Гвардиола, по крајот на оваа сезона би можел да се раздели со бундеслигашот Лемго. Гвардиола посакува камбек во татковината, а Адемар Леон е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
Унгарскиот првак Ѓер објави дека е продолжена соработката со корејскиот десен бек, Рио Јин Хи. 32-годишната ракометарка потпиша нов договор до 2024, кој може да биде продолжен за уште една сезона.