Израелскиот ветеран Чен Померанц, во новата сезона ќе биде дел од шпанскиот тим Пуерто Сагунто со кој потпиша договор на една година. 36-годишниот лев и среден бек претходно беше дел од Рамат Хашарон и неколку германски клубови.
Шпанскиот тим Нава го ангажираше литванскиот лев бек Лукас Сименас од тимот на Драгунас Клаипеда за следните две сезони.
Амбициозниот романски тим Бакау донесе две балкански засилувања. Станува збор за екс членот на Металург, Тео Чориќ, кој лани играше за Баја Маре и Стеван Сретеновиќ кој доаѓа од Војводина.
Рускиот тим ЦСКА Москва му донесе друштво на Виктор Киреев на голманската позиција и потпиша договор со 26-годишниот чувар на мрежата од СКИФ Краснодар, Дмитри Кузнецов.
Откако унгарскиот ЕРД најави дека ќе игра со млади домашни ракометарки, сите интернационалки си најдоа нови средини. Последна во низата е чешката репрезентативка Маркета Јерабкова, која потпиша за германскиот Турингер.
Данскиот Скјерн го продолжи договорот со плејмејкерот Јеспер Конрадсон. Шведскиот репрезентативец ќе остане во овој клуб и во наредните две години.
Романскиот Баја Маре, кој ќе биде голем ривал на ЧСМ Букурешт и Валчеа за титулата, донесе уште едно засилување. Станува збор за пикерот на шведската репрезентација и Копенхаген, Лин Блом.