Трагедија ја потресе Хрватска – почина млада ракометарка

Младата ракометарка од Хрватска, Ема Грозница во текот на вчерашниот ден го загуби животот по кратко боледување.

Грозница имаше само 19 години и покрај тоа што беше активна на ракометниот терен, беше и студент на Кинезиолошкиот факултет во Загреб.

Настапуваше во најсилната конкуренција во Хрватска и беше надежна ракометарка. Ги носеше дресовите на Трешњевка и Славонски Брод.

„Нашата Ема, на голема жалост нè напушти. Секогаш беше насмеана и весела. Патувајќи секој викенд од Илок до Славонски Брод, таа покажа колку е голема и силна нејзината љубов кон ракометот. Искрено сочувство до семејството Грозница“, напишаа од ЖРК Славонски Брод.