СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022/23!

Минатиот викенд беше спуштена завесата на сите домашни натпреварувања под капата на Ракометна федерација на Македонија и ќе остане да се одигра уште бараж средбата за пополнување на Супер лигата во машка конкуренција.

Со титулите кај мажите и дамите се закитија Еурофарм Пелистер, кој чекаше на ова цели 18 години, додека Ѓорче Петров ја одбрани титулата што ја освои лани исто така по долго време.

Кај пионерите најдобри беа ракометарите на Аеродром, додека кај пионерките титулата ја освоија ракометарките на Пелистер.

Во кадетска конкуренција, титулите отидоа во раце на Мулти Есенс кај момците, додека кај девојките најдобри беа членките на Стружанка.

Кај младинците најдобри беа Голден Арт, додека кај младинките тоа беше случај со Вардар.

Во прволигашката конкуренција, прв низ целта мина составот на Мулти Есенс.