РФМ не сака да ризикува: Одложен е почетокот на Прва лига на неодредено време!

Поради актуелната ситуација со коронавирусот во Македонија и особено во суперлигашките клубови, Ракометната федерација суспендира уште едно натпреварување.

РФМ ги извести прволигашите дека Првата лига се одложува на неодредено време, иако веќе беа објавени делегирањата за прво и второ коло, како и распоредот на натпреварите.

Засега останува да се игра Женската лига и веројатно утрешното коло во групата Б од Суперлигата, со оглед на тоа што тимот на Работнички е слободен, додека се уште не е јасно што ќе случува од понеделник.

Новите датуми за старт на прволигашката конкуренција дополнително ќе бидат познати, а Ракометната федерација ќе мора да излезе со став како ќе продолжи сезоната во сите конкуренции.

Засега од РФМ има само молк во однос на следните чекори што се планираат, ниту пак одговори на многу отворени прашања поврзани со заразените ракометари, мерките што РФМ ги презелa, што планира и како ќе се доигра првенството.