Претседател на федерација оди во затвор – бил вмешан во киднапирање и изнуда на 200 милиони долари!

Претседателот на федерацијата на Украина, Андреј Мелник заврши во затвор заради вмешаност во киднапирање и изнуда на 200 милиони долари.

Апелациониот суд во Киев ја укина мерката домашен притвор која ја имаше одредено за Мелник и нареди апсење на 49-годишниот претседател на федерацијата поради вмешаност во криминал, пишува рускиот „Handballfast“

Тој е обвинет за вмешаност во киднапирање на бизнисменот Олег Семински и изнуда на огромна сума на пари, како што пренесуваат украинските медиуми. Мелник е обивнет дека заедно со уште четири лица го имаат сторено ова дело.

Претседателлот на федерацијата е првиот од осомничената група кој заврши зад решетки. Веројатно со тоа и му завршува функцијата претседател на чело на федерациајта на Украина.