Првиот натпревар во Македонија во време на корона без крај, прекинат поради лизгав паркет (ФОТО)

Екипите на Еурофарм Пелистер и Металург речиси и да не го почнаа натпреварот кој требаше да биде прв кој ќе се одигра во време на коронавирусот, а мораа истиот да го прекинат.

После осум минути игра двобојот мораше да биде прекина, а причината е во лизгавиот паркет. За да нема несакани повреди во период кога уште се создава играта и формата за новата сезона дојде до договор средбата да биде прекината.

Во моментот на прекинот екипата на Металург беше во водство од два гола разлика, 4:2.

Вистинската пресметка меѓу овие две екипи ќе биде во среда на Струшкиот турнир кога во ударниот термин од првиот ден се среќаваат овие два состави.