Почина поранешен тренер на Пелистер

Легендарниот тренер Вук Рогановиќ почина денеска на 77-годишна возраст. Рогановиќ во тренерската кариера која траеше 44 години, освои 24 трофеи со 26 клубови.

Тој ја започна својата играчка кариера во Младишта од Земун, играше на позицијата лев бек, настапуваше за Динамо Панчево, Црвенка.

Во странство играше во Шведска и Белгија, каде ја заврши ракометната и ја започна својата тренерска кариера.

Во Србија беше тренер во многу клубови, а работеше и во Пелистер, Будуќност Подгорица, катарскиот Ал Рајан, а беше и селектор на женската репрезентација на Југославија во 1995 година.