Познато е кои кадети ќе играат на Ф4 – Струга, Младост, Металург и Вардар во борба за титула

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од групната фаза на кадетската лига во машка конкуренција.

21 екипа беа поделени во четири групи (една со шест и три со пет екипи), а најдобрите обезбедија место на завршниот турнир.

Од групата А, најдобар беше Младост Богданци, а во групата Б првото место го освои екипата на Струга.

Во групата В, тимот на Металург беше најдобар, додека во групата Г, првото место го освои Вардар.

Терминот и саатниците за завршниот турнир ќе бидат дополнително познати.

Ф4, кадети:

Младост Богданци – Вардар
Струга – Металург