Македонскиот зет ќе игра за Партизан

Некогашниот ракометар на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ, во следната сезона ќе ги брани боите на Партизан.

Десниот бек минатите две години играше за Железничар Ниш, a претходно седум сезони за швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Потекнува од Врбас, настапуваше за Вардар во сезоната 2004/05, и стигна до полуфиналето на КПК. Потоа патот го однесе до словенечките Целје и Копер, пред да се врати во Македонија и да го облече дресот на Металург.

Имаше епизоди во Унгарија, Турција и Франција, па во 2019 се врати во татковината. Стојановиќ е во брак со поранешната македонска репрезентативка Семра Радончиќ.