Македонската репрезентација го „остави срцето на терен“… Честитки!

Ветија и исполнија. И ќе играат со најдобрите.

Одбојкарската репрезентација на Македнија ќе игра на ЕП 2021 година откако како второпласирана од групата Ц ќе се најде на завршницата на ЕП,во решавачкот натпревар одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкари ја совладаа Турција со 3:1.

Со победата над силната Турција, Македонија по втор пат едноподруго ќе биде дел од Европското првенство. Редакцијата на 24Ракомет им го честита пласманот и прикажаната игра.