Лазаров објави список – 39 ракометари во конкуренција за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат (ФОТО)

Селекторот на машките ракометни репрезентации, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари, од кој ќе се прави селекција на играчите за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во Македонија во август.

Лазаров за старт одбра 39 ракометари, кои ќе треба да поминат низ првото сито, односно изборните тренинзи.

Меѓу нив ќе се бараат играчите што ќе имаат тешка задача – да стигнат до првото место на кадетскиот ЕХФ шампионат, што носи пласман на ЕП во кадетска и во младинска категорија.

Собирот на кадетите ќе биде на 22 јуни од 8:30 часот во салата во Автокоманда.