Келце и спонзорот ја раскинаа љубовта

Шампионот на Полска, Келце и клуб за кој настапуваат двајца поранешни играчи на Вардар, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев денеска на својот сајт објави информација во која стои дека ја завршува соработката со својот спонзор ПГЕ.

Со оглед на тоа што комплетните информации се најавени за неколку дена од она што денеска е објавено е јасно само дека на 1 август завршува соработката меѓу Келце и ПГЕ, но и дека егзистенцијата на клубот не е доведена во прашање.

Тоа значи дека Келце има стабилност штом се решава на ваков чекор и играњето во Лигата на шампионите во новата сезона не е доведено во прашање.