Поповски и Арау им се вратија на победите

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја запиша третата победа во шест меча во швајцарскиот шампионат.

По поразот кај Базел, Сур Арау славеше на гостински терен кај составот на Стафа со десет гола разлика, 31-21.

Поповски беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот состав и успеа да постигне четири гола од пет обиди во противничката мрежа.

Во следното коло, Поповски и Сур Арау ќе играат на домашен терен против екс клубот на Македонецот, Цирих.