Ракометарите на Охрид по триумфот кај Бутел Скопје се враќаат на домашен терен и во Супер машката лига ќе го пречекаат тимот на Прилеп.
Кружниот напаѓач Иван Тасески ја потенцира фаворитската улога на неговиот тим, но вели дека треба максимален фокус уште од стартот.
„Екипата на Прилеп воопшто не е за потценување. Имавме време за подготовка цела недела. Ќе влеземе максимално фокусирани на натпреварот од самиот почеток и ќе ја оправдаме фаворитската улога“, изјави Тасески.
Прилепчани вчера ремизираа со Тиквеш дома, 28-28, а веќе утре ќе гостуваат во СРЦ „Билјанини Извори“ во мечот што ќе стартува од 20:00 часот.
























