Еурофарм Пелистер со нов капитен во новата сезона (ФОТО)

Од денеска стана познато кој ракометар ќе биде предводникот на тимот на Еурофарм Пелистер на терен откако за нов капитен беше назначен голманот Градимир Чаневски.

Тој е еден од играчите со најдолг стаж во клубот од актуелниот состав, па ја доби и капитенската лента така што добива одговорна задача во екипата која во новата сезона ќе биде во битка за добар резултат во неколку натпреварувања.

Чаневски практично го наследнува Михајло Петровски кој беше капитен во вториот дел од сезоната откако претходно Гоце Ојлески беше играчот што беше капитен на тимот од Битола.