После четири порази во серија ракометарите на Вардар денеска ќе се обидат во 8. коло од Лигата на шампионите да дојдат до нова победа и да доживеат мал напредок со оглед на тоа што влегоа во лоши моменти во оваа сезона.
Вардарци имаа добар старт на првите три средби кога освоија пет бода и после тоа врзаа четири порази така што никако не можат да се вратат во ритам. Пик Сегед денеска е противник кој губел во Скопје, но играл добро, па затоа ќе мора да се одигра најдобро што може.
Денеска се играат уште неколку интересни средби така што ќе биде возбудливо и во Романија, Унгарија и Португалија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
13:30ч
ЧСМ БУКУРЕШТ – ВАСЛУИ (Романија 1)
15:00ч
ТЕМИШВАР – АЛЕКСАНДРИЈА (Романија 1)
16:00ч
БУЗАУ – БАКАУ (Романија 1)
17:00ч
КЛУЖ – ДОБРОГЕА СУД (Романија 1)
18:15ч
НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА (Пријателска средба, жени)
18:45ч
ДИНАМО БУКУРЕШТ – ФЛЕНЗБУРГ (Лига на шампиони)
ВЕСПРЕМ – МОТОР (Лига на шампиони)
19:05ч
БАЛИНГЕН – ГЕПИНГЕН (Германија Бундес лига)
ЕРЛАНГЕН – ШТУТГАРТ (Германија Бундес лига)
МЕЛЗУНГЕН – РАЈН НЕКАР (Германија Бундес лига)
Н-ЛИБЕК – ХАМБУРГ (Германија Бундес лига)
19:15ч
ЦИРИХ – КАДЕТЕН (Швајцарија 1)
20:30ч
СЕСОН – ШАРТ (Франција 1)
СЕЛФОС – ГРОТА (Исланд 1)
РУСИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА (Пријателска средба, жени)
20:45ч
ПОРТО – ПСЖ (Лига на шампиони)
ВАРДАР – ПИК СЕГЕД (Лига на шампиони)