Во Келце веќе жалат по Словенецот: Си заминува член на нашето семејство

Асистентот на Талант Душебаев, Урош Зорман на крајот на оваа сезона ги напушта редовите на шампионот на Полска, а тој се сели во тимот на Целје каде што ќе биде прв тренер.

Претседателот на Келце, Бертус Сервас вели дека Зорман бил дел од семејството и ракометар и тренер кој го дал срцето за клубот.

„Урош Зорман ќе престане со неговата работа како асистент на Душебаев на 1 јулиу. Тоа е голема загуба за нас бидејќи си заминува член на нашето семејство. Ние така се однесувавме во последните девет години со него. Тој му даде многу на тимот. Даде сè што можеше. Донесе карактер од врвна класа, неверојатни вештини, долгогодишно искуство, но и големо срце. Се бореше со своите колеги на теренот, а во последните две години беше поддршка и од клупа“, вели првиот човек на Келце, Бертус Сервас.

Од клубот жалат поради заминувањето и велат дека ќе мора да направат нешто за да му овозможат достојно заминување, а неизвесно е кога ќе се случи тоа.

„Сигурно нема да си замине само така без достоинствено збогум. Ситуацијата е таква во моментов, но ние дефинитивно ќе организираме заминување како што доликува. Ќе видиме што ќе се случува, но ние сме му благодарни за сите години во клубот и му постакуваме среќа во понатамошната кариера како тренер“, коментира Сервас.

Инаку, Зорман после девет години од кои седум како играч и две како тренер го напушта тимот од Полска и се враќа дома.