Вардар моќно и шампионски до голем триумф над Мешков Брест

Ракометарите на Вардар се израдуваа на првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако денеска го совладаа Мешков Брест со 35:27. „Вардарци“ одиграа моќно и доминираа 60 минути. Имаа неколку мали падови во вториот дел, но ова е огромна победа која ја зголемува самодовербата.

Од почетокот на средбата се виде решителна игра од ракометарите на Вардар и концентрација која водеше кон триумф. Не беше едноставно да се игра против Мешков Брест кој има одлични поединци и покрај тоа што е некомплетен, но после водството од 1:0 и израмнувањето од гостите на 1:1 следуваше далеку подобра игра на Вардар.

Предноста во првото полувреме постојано растеше. Иако имаше малку голови во првите десет минути во продолжението од натпреварот работите тргнаа на подобро. Разликата почна да се зголемува. Вардар имаше главно плус четири гола, но гостите надоместуваа и се враќаа на два гола.

И покрај тоа што гостите се држеа следуваше период во кој Вардар заигра одново на високо ниво, а головите паѓаа од сите можни позиции што резултираше со водство од шест гола за на одмор да се замине со 19:13.

Второто полувреме ја донесе првата поголема криза во играта на Вардар. Откако за четири минути игра Вардар стигна до 22:15 дојде до пад во ритамот. Многу лесно беа примени неколку погодоци, а тоа допринесе тимот на Мешков Брест да се врати во игра и да намали. Во 40. минута Вардар имаше само 22:19 што го вклучи алармот.

Сепак, немаше простор за паника бидејќи ритамот беше зачуван, но се бараше играта со која ќе се дојде до враќање на сигурната предност. Таа дојде после 26:23 во 46. минута. Кевин Њокас тргна со сите сили за да докаже дека Вардар не направи грешка кога го ангажираше и се откажа од Едуардо Гурбиндо. Распали кон голот на Мацкевич и едноставно го полнеше голот на Мешков Брест.

Таквата игра беше искористена и од другите, па на пет минути до крајот стана јасно дека Мешков Брест денеска нема никакви шанси. До крајот беше одработено одлично и сигурно за конечни 35:27 и прва победа за Вардар во оваа сезона во Лигата на шампионите.

22 септември 2021
35 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 септември 2021 22:28 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2021/2022 22.09.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611935Победа
МЕШКОВ1327Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Стојанче Стоиловпивот02
6Оливие Њокаслев бек03
7Патрик Валчакпивот10
8Јоел Куни Моралесдесен бек05
9Гоце Георгиевскидесно крило00
10Кевин Њокасдесен бек28
12Мартин Томовскиголман00
13Дијало Бакарилев бек11
14Јан Чуваралево крило00
22Жереми Тотопивот23
24Анте Гаџацентрален бек04
28Филип Талескилев бек02
31Тимур Дибировлево крило05
45Дарко Ѓукиќдесно крило11
94Али Сафарголман01
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 735

МЕШКОВ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Дмитри Санталовлев бек00
5Дмитри Дачукпивот00
6Баптист Бонефонлев бек03
12Иван Мацкевичголман00
14Андреј Јуриноклево крило15
15Владимир Рибјанковлев бек00
20Сташ Скубецентрален бек05
21Илја Усикголман00
22Вјачеслав Шумакпивот20
24Максим Барановдесен бек00
25Данила Вјархечјукдесен бек00
37Станислав Кашпарекдесен бек06
55Никита Вајлуповдесно крило04
76Илја Тамашуклево крило00
77Владимир Врањешпивот24
98Валентин Силкоцентрален бек00
 Вкупно 527

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140