Вардар во Елверум само на Арена Спорт

Екипата на Вардар утре од 18:45 часот го игра натпреварот од 1. коло од новата сезоната во Групата А од Лигата на шампионите против тимот на Елверум, а овој натпревар ќе може да се следи само на каналите на Арена Спорт.

Според информациите натпреварите на Вардар на гостински терен засега нема да одат во пренос на Македонската телевизија така што ќе може да се следат на Арена која ги има правата за емитување на средбите од Лигата на шампионите.

МТВ прават напор натпреварите кои Вардар ќе ги игра на домашен терен да се пренесуваат на нивните фреквенции, но сè уште нема конечен договор. Носител на ТВ правата за Македонија е Арена Спорт.

Според програмската шема на Арена Спорт ТВ натпреварот утре меѓу Елверум и Вардар ќе биде емитуван на третиот канал.