Ѕвездениот Алборг не успеа да го победи последнопласираниот тим во Данска

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, тимот на Алборг, во натпревар од 14. коло во данскиот шампионат го направи првиот кикс во новата натпреварувачка сезона.

Избраниците на Стефан Мадсен не успеаја да го надиграат последнопласираниот Лемвиг, кој одлично им парираше на ѕвездите на Алборг и во најголемиот дел од натпреварот беше во предност.

Сепак, вицепрвакот на Данска не дозволи да има целосна сензација и се избори за бод, па дуелот заврши без победник, 30:30.

И покрај поразот, Хансен и колегите остануваат на лидерската позиција во данскиот шампионат. Алборг на табелата има 21 бод, додека Фредериција, моментално главниот на водечкиот тим, има 21 бод на свое конто.

Следен предизвик за тимот на Алборг ќе биде дуелот со норвешкиот шампион Колстад во рамки од 9. коло во Лигата на шампионите.