Голманката на Куманово, Симона Грујовска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 9. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
За младата голманка ова е второ признание, откако во 7. коло, исто така беше прогласена за ѕвезда на колото.
Грујовска во дуелот со Пелистер во Битола беше нерешлива енигма за домаќинките и имаше дури 20 интервенции.
На гласањето го освои првото место, доби околу 52% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Прв конкурент и беше левото крило на Металург Автокоманда, Сара Миновска, која имаше 45%. Во конкуренција за ѕвезда на 9. коло беше и голманката на Вардар, Андреа Илиќ.