ЅВЕЗДА НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – БОРЈАНА КОЦЕВА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Борјана Коцева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 9. коло од плеј-оф фазата.

Десниот бек одигра одлично на дербито против Чаир, реализираше седум пати, а подели и неколку асистенции кон своите колешки.

Коцева на гласањето доби околу 61% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше голманката на Вардар, Марија Галачева со 12%.

Во конкуренција за ѕвезда на 9. коло од плеј-офот во Женската лига беше и Ивана Дежиќ од Ѓорче Петров.