Членката на Деспина, Андреа Конеска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 3. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
Конеска на натпреварот против Спартак одигра во одлично светло, постигна осум погодоци и го водеше својот тим до првата сезонска победа.
Прилепчанката немаше голема конкуренција на гласањето, доби околу 73% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Сара Цветановска од Куманово со 17%.
Во конкуренција за ѕвезда на 3. коло беше и ракометарката на Ѓорче Петров, Катерина Дамјановска.