ЅВЕЗДА НА 2 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТЕОДОРА ДУКОСКА (ЧАИР)

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 2. коло од Женската лига.

Македонската репрезентативка, која во оваа сезона направи камбек во амбициозниот Чаир, заедно со нејзиниот тим во 2. коло триумфираа против Пелистер со 38:9.

Стружанката против составот на Пелистер одигра за „десетка“, постигна десет погодоци и покажа дека поседува голем потенцијал.

Дукоска освои околу 57% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласираната Јована Конева од Овче Поле СУ имаше 32%.

Во конкуренција за ѕвезда на колото беше и ракометарката на Вардар, Ивона Трпевска.