ЅВЕЗДА НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – АМРА ТЕРЗИЌ (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Амра Терзиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 2. коло од плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување.

Голманката беше на висина на задачата на натпреварот против Вардар и за 23 минути поминати на теренот забележа девет интервенции.

Терзиќ на гласањето доби околу 74% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Теодора Глицоска од Чаир со 15%.

Во конкуренција за ѕвезда на 2. коло од плеј-офот во Женската лига беше и ракометарката на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска.