Македонскиот голман Мартин Томовски вечерва имаше свое шоу на натпреварот против Вецлар во Бундес лигата.
Томовски и неговиот Потсдам славеа со 32:28, а Македонецот сам го откажа ривалот, натпреварот го заврши со дури 16 интервенции.
27-годишниот голман вечерва само потврди дека во вториот дел од тековната сезона се наоѓа во одлична форма
За Вецлар ова беше втора сезонска победа во најквалитетната лига во светот и има мали шанси да обезбеди опстанок.
Следен предизвик за Томовски и колегите ќе биде гостувањето кај амбициозниот тим на Гумерзбах.