Зоран Кастратовиќ со нов предизвик, ќе го предводи Ал Кадсија од Кувајт!

Црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ ќе има нов предизвик во тренерската кариера. 57-годишниот тренер ќе биде предводник на амбициозниот тим од Кувајт, Ал Кадсија.

Кастратовиќ во Ал Кадсија ќе работи заедно со селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевкси, кој ќе ја има улогата на асистент.

Претходно, двајата беа тандем во машката сениорска репрезентација на Саудиска Арабија и Ал Мудар.

Минатата година, според гласовите на љубителите на ракометот во Саудиска Арабија, Кастратовиќ беше прогласен за тренер на годината.

Црногорецот има големо искуство и како селектор и како тренер. Во Македонија работеше во Пролет, Металург и Вардар, а ги водеше и Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш и Ал Мудар.

Беше на селекторските позиции во машките репрезентации на Црна Гора, Иран и Саудиска Арабија, а ја водеше и женската репрезентација на Македонија.