Жерар падна во немилост, Кил ќе ги форсира Мрква и Беласен

Францускиот голман Венсан Жерар, кој поради повреда го пропушти настапот на Европското првенство 2024 во Германија, откако се врати во редовите на Кил, од таборот на „зебрите“ му било соопштено дека повеќе не е дел од нивните планови.

Искусниот Жерар од минатото лето е дел од Кил, во бундеслигашот пристигна како замена за Никлас Ландин, но за време на подготвителниот период заработи повреда.

Иако стануваше збор за обновена стара повреда на адукторот, лекарскиот тим на Кил процени дека е неопходно да се направи операција, па така 37-годишниот голман мораше да паузира подолг временски период.

Бундеслигашот како замена за Жерар го донесе неговиот сонародник Самир Беласен, кој беше еден од најзаслужните за освоеното злато на Франција на Европското првенство во Германија.

Бидејќи Беласен и вториот голман во редовите на Кил, Томас Мрква, биле во одлична форма, стручниот штаб на германскиот шампион одлучил дека Жерар е веќе вишок.

„Ми соопштија дека доколку еден од двајцата голмани не се повредат, нема да сметаат на мене”, кратко коментираше Жерар за „Л’Екип“.

Жерар пред извесен период најави дека ја игра последната сезона, но не ја исклучува можноста да заигра на Олимписките игри во Париз.