Женската лига стартува на 17 февруари, шампионот ќе се круниса на 1 јуни – еве го целиот распоред

Пролетниот дел од сезоната во Женската лига ќе стартува следниот викенд, на 17 односно 18 февруари.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров ги забележа сите 13 победи на 13 натпревари во есенскиот дел од сезоната.

„Лавиците“ се први на табелата со 39 бодови, но од позадина својата шанса ќе ја чекаат Чаир со 34 и Металург Автокоманда со 33 бодови.

Дербито во првото коло од пролетниот дел, односно 14 коло ќе се игра во Чаир, каде ќе гостува Вардар.

Ќе има само едно вонредно коло, на 24/25 април, на два пати ќе има паузи поради ЕХФ неделите и квалификациите за ЕП 2024, како и поради натпреварите од Купот на Македонија.

Шампионот ќе ја добие титулата на 1/2 јуни, иако можно е да биде познат и претходно.