Еден месец помалку траеше ерата на македонскиот легендарен репрезентативец Филип Миркуловски во бундеслигашот Вецлар.
По неколкуте порази во серија, раководството на германскиот клуб реши да ја прекине соработката со тренерот Франк Карстенс и со неговиот асистент Миркуловски.
Порано од предвиденото на клупата ќе дебитира Момир Илиќ, кој во стручниот штаб ќе го има Владан Јордовиќ.
Миркуловски си оди по десет сезони, од кои седум беше и играч, две сезони ја имаше улогата на тренер и играч, а последните три се посвети само на тренерската работа како асистент, иако во повеќе наврати го водеше Вецлар и како прв тренер.
Македонецот одигра повеќе од 300 натпревари во дресот на Вецлар и си заслужи место во историјата на клубот.