Вчера одржа прв тренинг со Трст, денеска најдобар стрелец: Андоновски со победничко деби!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски имаше одлично деби за неговиот нов клуб во Италија.

Тој беше најдобар стрелец во победата на неговиот Паламано Трст против Пресано со 27-23 во натпревар од 12 коло.

Андоновски постигна седум погодоци и заслужи да биде играч на натпреварот во кој неговиот тим оствари триумф.

Македонецот во четвртокот пристигна во Италија, вчера го одржа првиот тренинг со екипата, а веќе денеска беше најдобар на своето деби.

Сега следува пауза во италијанскиот шампионат, а следен предизвик за Андоновски и Трст на 13 јануари ќе биде гостинскиот натпревар против Бриксен.