ЗАОКРУЖЕТЕ ВО КАЛЕНДАРОТ: Еве кога Охрид ќе игра со Татабања во евро-финалето!

Македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Охрид, обезбеди место во финалето по драматичниот триумф по пенал-рулет над Целје со 29-27.

Ривал во битката за европски трофеј на „гладијаторите“ ќе им биде унгарскиот тим Татабања, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески.

Финалните натпревари меѓу Охрид и Татабања се закажани за 23/24 мај, односно 30/31 мај.

Дополнително со ждрепка во Виена, ќе биде познато која екипа ќе биде домаќин на првиот натпревар, а каде ќе се игра реваншот.