Заокружете во календарот – еве ги термините и саатниците за дуелите на Еурофарм Пелистер во ЛШ

Европската ракометна федерација заедно со клубовите учесници и носителите на ТВ првата, ги потврди точните термини и саатници за првите десет кола од новата сезона во Лигата на шампионите.

Еурофарм Пелистер тргнува на гостински терен кај составот на ПСЖ на 11 септември од 20:45 часот.

Седум дена подоцна исто така до 20:45 часот во Битола ќе се игра средбата со Фуксе Берлин.

За крај на годината е закажано 10 коло, во кое македонскиот првак од 20:45 часот на 4 декември ќе ја пречека Висла Плоцк.

Лига на шампиони, група А, распоред на натпревари:

1. коло, 11/09/2024 – 20:45, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
2. коло, 18/09/2024 – 20:45, Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
3. коло, 26/09/2024 – 18:45, Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер
4. коло, 09/10/2024 – 18:45, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
5. коло, 16/10/2024 – 20:45, Висла Плок – Еурофарм Пелистер
6. коло, 24/10/2024 – 20:45, Еурофарм Пелистер – Веспрем
7. коло, 31/10/2024 – 18:45, Фредериција – Еурофарм Пелистер
8. коло, 20/11/2024 – 20:45, Еурофарм Пелистер – Фредериција
9. коло, 28/11/2024 – 18:45, Веспрем – Еурофарм Пелистер
10. коло, 04/12/2024 – 20:45, Еурофарм Пелистер – Висла Плок
11. коло, 12-13/02/2025 – Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
12. коло, 19-20/02/2025 – Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт
13. коло, 26-27/02/2025 – Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
14. коло, 05-06/03/2025 – Еурофарм Пелистер – ПСЖ