Загубија убедливо во Скопје и го сменија тренерот!

Романската Баја Маре, откако во четвртфиналето од Европскиот куп беше елиминирана од тимот на Кире Лазаров, раководството на клубот донесе одлука за промени во стручниот штаб.

Првото соочување меѓу двете екипи заврши нерешено, 31:31, додека на реванш-дуелот, кој беше одигран во Автокоманда, македонскиот претставник доминираше на теренот и победи со 32:25.

Веднаш по елиминацијата, раководството на Баја Маре воопшто не размислуваше и уште денеска соопшти дека е прекината соработката со главниот тренер, Александру Сабу.

Од Баја Маре соопштија дека ќе има промени и во играчкиот кадар, бидејќи неколку ракометари не ги задоволиле критериумите, односно не го покажале својот квалитет.

До остатокот од сезоната, тимот на Баја Маре ќе биде предводен од Ади Поповичи и Јулијан Александру.