Загуби три пати во олимписките квалификации и доби отказ

Французинот Патрик Казал не е повеќе селектор на машката репрезентација на Тунис, и тамошната федерација ќе бара ново решение.

Тунис загуби три пати на квалификацискиот турнир за Олимписките игри од домаќинот Унгарија, Португалија и Норвешка, па логичен след на настаните беше разделбата.

Иако туниската федерација имаше големи амбиции и посакуваше место на ОИ, сепак европските селекции беа преголем залак во моментов.

Сметката ја плати стручниот штаб на чело со Казал, а со него заминува и неговиот асистент – туниската легенда Висем Хмам.

Според пишувањата на домашните медиуми, новиот селектор на Тунис ќе биде домашен.