Загреб со реми против Монпелје ги сочува шансите за четвртфинале во ЛШ

Ракометарите на Загреб одиграа реми против Монпелје 27:27 (11:13) и останаа во игра за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во првиот дел гостите од Франција ја имаа контролата на теренот, додека во второто полувреме домаќините направија камбек и до последните секунди беа во игра за победа.

Кај Загреб најефикасен беше Звонимир Срна со шест погодоци, по пет постигнаа Милош Кос и Иван Чупиќ.

Монпелје во дуелот со „плинарите“ беше предводен од Диего Симонет и Сташ Скубе, двајцата постигнаа по шест погодоци.

Реванш средбата меѓу хрватскиот шампион и францускиот тим ќе се одигра следниот викенд, односно на 3 април во Монпелје.

Келце на чекор до четвртфинале, славеше со плус осум во Данска кај ГОГ