Загреб како „бос по трње“ низ Алборг

Екипата на Загреб запиша убедлив пораз на гостувањето кај данскиот вицепрвак Алборг со десет гола разлика, 32-22.

Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога Алборг водеше со шест гола, 18-12, а голманот Никлас Ландин блескаше на голот со 15 интервенции.

Микел Хансен имаше одлична партија со шест погодоци, додека по четири пати во мрежата на Мандиќ и Грбавац стрелаа Хоксер и Бартолд.

Во составот на Загреб, кој беше предводен од старо-новиот тренер Андрија Николиќ, се истакна десното крило Филип Главаш со пет гола.

Сега Алборг има 14 на второто место на табелата, кое води директно во четвртфиналето, додека Загреб е шести со 10 бода, но има тежок распоред до крајот.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140