Единствениот хрватски шампион, Загреб, кој минатата недела ја прослави 32 титула во 32 првенства, се поздрави со седуммина ракометари.
Покрај Иван Чупиќ, кој оди во играчка пензија и ќе биде дел од стручниот штаб, од Загреб заминува и второто легендарно десно крило, Златко Хорват.
Некогашниот член на Металург се враќа во унгарскиот Дабас да го доработи договорот кој истекува летото 2025 година.
Од Загреб заминуваат и екс членот на Вардар, Јоел Куни Моралес, потоа Словенците Алјаж Пањтар и Матиц Сухолежник, Босанецот Един Клис, како и хрватскиот среден бек Карпо Сиротиќ.
Досега се потврдени три засилувања – левиот бек Игор Белјавски од СКА Минск, средниот бек Ивано Павловиќ од Извиѓач и десниот бек Михајло Радојковиќ од Бешикташ.