Вујовиќ: Како со Гобац да сум направил пакт во кој се КГБ, Мосад и ЦИА!

Веселин Вујовиќ со своите искрени коментари секогаш го свртува вниманието кон себе, па така беше и овојпат во Хрватска.

Поранешниот хрватски ракометен репрезентативец а сега тренер, Ненад Кљаиќ изјави дека Зоран Гобац се спрема да го постави Вујовиќ за нов селектор на Хрватска, изјава на која Вујовиќ во свој стил имаше брутален одговор.

Секогаш иста приказна. Секој пат не знам од кои причини се разбрануваат страстите и луѓето почнуваат да коментираат. Никогаш во кариерата не сум рекол дека некој е добар или лош, туку само ги коментирам настаните на теренот. Стварно ми беше смешно кога ја прочитав изјавата на Кљаиќ дека има организирани групи на луѓе да гласаат за мене, и дека имам премногу простор во хрватските медиуми. Како јас и Гобац пред 30 години да сме направиле пакт во кој учествувале КГБ, Мосад и Циа, и тогаш да сум одлучил во 2024 година да станам селектор на Хрватска. И еве сега дошол тој момент. Неверојатно е што се луѓето можат да изјават.-изјави Вујовиќ за „Индекс“.

Меѓу другото популарниот Вујо изјави и дека се сложува дека Хрватска треба да ја водат Хрват, како што смета дека и Србија има квалитетни домашни тренери кои треба да застанат на чело на оваа репрезентација.