Селекцијата на Иран предводена од Веселин Вујовиќ се пласираше во главната рунда на Азиските игри.
На натпреварувањето што се одржува во кинескиот град Квангжу, Иран во решавачкиот натпревар од групата ремизираше со Саудиска Арабија, 23-23.
На првиот меч репрезентацијата на Вујовиќ ја победи Монголија со 50-16, додека на вториот дуел од групата загуби од Јапонија со 33-21.
Вујовиќ не смета на комплетниот ростер и на дел од играчите што играат во Европа, но и покрај тоа обезбеди место во главната рунда поради подобрата гол од разлика од Саудиска Арабија.
Иран во главната рунда ќе игра против селекциите на Бахреин, како и против Кувајт или Кина, односно Катар или Јужна Кореја.
Најдобрите четири селекции од двете групи во главната рунда, ќе играат во полуфиналето на Азиските игри.