Второ место за младите „лавици“ на турнирот во Бор

Пионерките на македонскиот шампион Ѓорче Петров беа дел од новогодишниот турнир турнир во соседна Србија, поточно во Бор.

Избраничките на Александар Царчев го освоија второто место, откако славеа над домаќинот со десет гола разлика, 25:15.

Претходно, младите „лавици“ беа поразени од Слога Петровац 24:18, а стекнатото искуство сигурно ќе им биде од голема корист за вториот дел од сезоната.

Пионерките на Ѓорче Петров се есенски шампиони во својата конкуренција, првиот дел од сезоната го завршија со 100% учинок, осум од осум.