По натпреварот меѓу Кичево и Пролет, уште еден натпревар од елиминациското коло не се одигра во предвидениот термин.
„Витамините“ од Автокоманда требаше да бидат домаќини на Преспа Вардар, но гостите од Ресен не допатуваа.
Тоа значи дека момците на Миле Бочкаровски ќе го добијат овој меч службено и ќе се пласираат во следната рунда.
Досега покрај водечкото трио од Супер лигата, своето место во групите го потврдија и Партизан Гевгелија, Тиквеш, Куманово, Пролет, Радовиш и Охрид.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ