Втор Бразилец во Куманово – доаѓа лев бек

По десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, тимот на Куманово го промовираше второто од планираните четири засилувања од Јужна Америка.

Станува збор за левиот бек Џанкарло Фелипе Хен, кој има 22 години, а до минатата година настапуваше за младинската репрезентација на Бразил.

Доаѓа од тимот на Ресифе, а претходно настапуваше само во татковината за Гуарамирим, Балнеарио Камбориу, Итажаи, Сао Хозе, па Харагуа до Сул и Блуменау.

Со младинската селекција на Бразил беше дел од првенството на Средна и Јужна Америка во 2022, а настапи и на СП 2023 во Германија и Грција, каде постигна 13 гола на седум меча.

Куманово остана без десниот бек Каио Винисиус кој се пресели во тимот на Охрид, а наскоро ќе биде познато дали уште некој од актуелниот ростер ќе замине.

Кумановци ќе се борат за опстанок во Супер лигата, а за таа цел ќе донесат најмалку четворица интернационалци, слично како и лани кога играат во плеј-аутот.