Со три натпревари беше комплетирано 2. коло од главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Српскиот шампион Војводина пред својата публика го пречека Мелсунген на Роберто Гарсија Парондо и загуби убедливо со 36:29.
Екс ракометарот на Вардар, Охрид и Металург, Стефан Додиќ, беше еден од најзаслужните за резултатската неизвесност во првиот дел, а по 30 минути игра резултатот беше 18:17 во корист за бундеслигаш.
По силниот отпор до 40 минута, ракометарите на Мелсунген со одличната игра во последниот дел дојдоа до убедлив триумф.
Најефикасен во редовите на Војводина беше Милан Јовановиќ со шест погодоци, пет постигна Стефан Додиќ. Кај Мелсунген се истакна Тимо Кастенинг со седум реализации.
Лига на Европа, главна фаза, 2. коло, резултати:
Бенфика – Иштад 36-31
Фленсбург – Тулуз 34-34
ГОГ – Монпелје 33-27
Луцерн – Гранољерс 43-42
Татабања – Гумерзбах 29-44
Кил – Порто 32-22
Лимож – Бидасоа 32-31
Војводина – Мелсунген 36-29