Од денеска во продажба се билетите за финалните натпревари во машка и женска конкуренција во Купот на Македонија.
Дневните билети за двата натпревари (мажи и жени) чинат 400 денари и можат да се купат онлајн ТУКА.
Во машкото финале кое ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица од 20:00 часот, утре ќе играат бранителот на трофејот, Вардар, и екипата на Охрид.
Во женското финале допрва ќе бидат познати учесниците, а фаворити за пласман во битката за трофеј се Ѓорче Петров и Чаир.























