Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп против словенечкиот Целје.
Билетите за натпреварот на кој Охрид може да испише нова историја и да обезбеди финале се продаваат по популарни цени.
Во зависност од местото на седење во салата „Билјанини Извори“ тие ќе чинат по 200 денари или 300 денари, а може да ги купите ТУКА.
Овој меч е закажан за 2 мај од 19:00 часот, а претходно на 25 април е пресметката на гостински терен од 19:00 часот во „Арена Златорог“.
























