Во Кавадарци, Охрид и Скопје ќе се брка Ф4 во Купот на Македонија

На 23 и 24 март ќе се одиграат натпреварите од групите во Купот на Македонија, по што ќе биде познато кои екипи ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот од споменатото натпреварување.

По извршената ждрепка за четирите групи, три екипи се пријавија за домаќини на групите, па македонската ракометната куќа ја прифати кандидатурата на пријавените екипи.

Бидејќи за третата група, во која се наоѓа актуелниот бранител на трофејот, тимот на Вардар, нема организатор, полуфиналните натпревари ќе се играат на 23 март на теренот на оние екипи што беа извлечени како домаќини на паровите. Победниците од двата натпревари ќе играат финален натпревар на 24 март, а домаќин на финалниот натпревар ќе биде екипата победник со помал натпреварувачки број.

Четирите екипи што ќе слават во финалните средби по групи ќе обезбедат место на завршниот турнир што ќе се одржи од 17 до 19 мај.

Група 1: Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2
Организатор: Тиквеш
Полуфинални двојки:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
Прилеп – Мулти Есенс

Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Организатор: Алкалоид
Полуфинални двојки:
Бутел – Струга
Алкалоид – Вардар Неготино

Група 3: Пролет (1), Радовиш (2), Вардар (3), Голден Арт (4)
Организатор: нема
Полуфинални двојки:
Пролет – Голден Арт
Радовиш – Вардар

Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово
Организатор: Охрид
Полуфинални двојки:
Еурофарм Пелистер – Куманово
Охрид – Скопје

Во минатата сезона, на Ф4 турнирот во Охрид, освен Вардар, играа уште екипите на Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Пролет.