Во „Јасмин“ се водеа рововски битки – се искинаа дресовите на Стефановиќ, Шешиќ…(ФОТО)

Тимот на Тиквеш од Кавадарци го прослави петтиот триумф во петтиот натпревар од стартот на новата сезона во суперигашкото друштво.

Кавадарчани во салата „Јасмин“ пред своите гледачи го совладаа Охрид со 32-30 и сега се на врвот на табелата пред дербито во Автокоманда против вицепрвакот.

Дека во Кавадарци се водеа рововски битки, особено на линијата од шест метри, доказ се искинатите дресови на Никола Стефановиќ, Деан Шешиќ, Теимураз Орјонокидзе…

Тиквеш во следното коло го пречекува Скопје, додека Охрид исто така на домашен терен ќе се сретне со Аеродром.

Тиквеш сезонава е перфектен – петти триумф по ред со заслужена победа над Охрид